дома Македонија АНГЕЛКОВСКА ЗА „БЛЕСКАЊЕТО“ КАКО ЗАЕВ: Се работи за раст навистина на широка...

АНГЕЛКОВСКА ЗА „БЛЕСКАЊЕТО“ КАКО ЗАЕВ: Се работи за раст навистина на широка основа

– Не расте во Македонија само градежништвото, туку растат и земјоделската активност, индустриското производство, трговијата од услугите, значи се работи за раст навистина на широка основа, рече министерката за финансии Нина Ангеловска која дебатираше во собраниската Комисијата за финансирање и буџет, каде од денеска почна расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2019 година.

Министерката за финансии Нина Ангеловска која дебатираше во собраниската Комисијата за финансирање и буџет, каде од денеска почна расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2019 година, рече дека Македонија е во првите 10 земји во ЕУ и регионот според ставка на раст на БДП и дека проектираниот БДП за оваа година беше ревидиран нагорно на 3,2 отсто.

Растот за годинава е ревидиран на 3,2 проценти, а во наредната година се очекува да се интензивира и да изнесува 4,2 отсто, а во 2021 година да достигне до пет проценти.

– Македонија е во првите 10 земји во ЕУ и регионот според ставка на раст на БДП. Проектираниот БДП за оваа година беше ревидиран нагорно на 3,2 отсто. Тој веќе има реализација од 3,6 во првото полугодие. Нашиот економски раст го препознаваат и интернационалните институции го докажува тоа што и меѓународните финансиски институции го ревидираат во нагорна линија растот, рече министерката.

– Не расте само градежништвото, туку растат и земјоделската активност, индустриското производство, трговијата од услугите, значи се работи за раст навистина на широка основа. Економските трендови се добри и тоа го покажуваат податоците. За 2020 се очекува економскиот раст да се интензивира на 4,2 проценти и пет процнети во 2021 година, рече Ангеловска.