Ангеловски: Победени сме, но не и пopaзени, покажавме дека заслужено сме дел од Евро 2020

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски по вториот пораз на ова Европско првенство изјави дека Македонија со настапот во второто полувреме против Украина (1-2) покажала дека има квалитет и заслужено е дел од европскиот крем на овој 16-ти еврошампионат.

Македонија загуби минимално од Украина со 2:1 и одигра солидно второ полувреме на „Националната Арена“ во Букурешт, за жал недоволно за првиот бод на големиот турнир.

-Две различни полувремиња. Во првото целта беше да влеземе малку попретпазливо, во второ отидовме понапаѓачки поради резултатот, сакавме да влеземе во егал. ВАР одлуките овојпат се погодија на нивна страна. Нивниот гол за неколку сантиметри не беше офсајд, додека сантиметрите во нашиот случај и голот на Пандев не беа наклонети кон нас. Во второто полувреме покажавме зошто сме на Европско првенство. Кога навивачите ќе ве испратат со громогласен аплауз, тоа кажува каков натпревар сте одиграе. Победени сме, но не и поразени. Македонија е заслужено дел од европскиот крем, рече Ангеловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This