Ангелов: Apмиcкиoт хeликoптep вчepa нeмaшe дoвoлнo гopивo зa дa гo гacи пoжapoт вo Кочани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За денеска е закажана седница на групата за процена на која ќе биде разгледана сериозноста на ситуацијата со пожарите и доколку е потребно ќе биде предложено да се прогласи кризна состојба на дел од територијата или на целата територија на државата, изјави синоќа директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов при посетата на Кочани.

Тој информира дела армискиот хеликоптер кој учествуавше во гаснење на пожарот кај Старо Нагоричане, немал доволно време да пристигне до Кочани поради недостаток на гориво.

– Армиски хеликоптер рано беше упатен во Старо Нагоричане, каде што имавме сериозен пожар. Хеликоптерот леташе до попладневните часови кога температурата достигна околу 40 степени, при што мораше да биде приземјен, бидејќи техничките карактеристики не дозволуваат тој да лета над 40 степени. Во меѓувреме се разви пожарот во Кочани, што на почетокот беше далеку од куќите. Ветрот што денеска беше изненадувачки силен, брзо го донесе во близина на куќите. Хеликоптерот немаше доволно време од Старо Нагоричане да пристигне до Кичево поради недостаток на гориво, истакна Ангелов.

Тој соопшти дека во текот на вчерашниот ден, во разговор со претседателот Стево Пендаровски побарал итно да биде употребена Армијата со цел да помогне во гаснење на пожарот.

– Итно беше дадена таква наредба, едноставно ги прескокнавме сите бирократски процедури и за кратко време на четири позиции беа упатени припадници на Армијата кои се на терен, додаде Ангелов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This