дома Спорт АНГОЛА Е АУТСАЈДЕР: Миркуловски свесен за позицијата, но против Ангола со силна...

АНГОЛА Е АУТСАЈДЕР: Миркуловски свесен за позицијата, но против Ангола со силна мотивација и дисциплина!

Нашиот репрезентативец Филип Миркуловски на вчерашниот тренинг пред денешниот натпревар кој Македонија го игра во Ангола во рамки на Светското ракометно првенство кое се одржува во Франција истакна дека противник сигурно ќе има желба за докажување.

-Ангола е аутсајдер во нашата група, со Словенија изиграа слабо, но тоа е како што кажа нивниот селектор поради тоа што се уште не се аклиматизирале. Сигурно подруга ќе биде играта со нас, сигурно ќе имаат повеќе желба за докажување. Ние треба да влеземе крајно мотивирани, дисциплинирани бидејќи со секое потценување би влегле во една црна дупка од која тешко можеме да излеземе. Имавме еден ден одмор, а сега натпревар кој ако го добиеме треба да размислуваме за понатаму. Чекор по чекор одиме, после Ангола ни е Словенија добро познат противник, вели Миркуловски.