дома Политика Андоновски: Ние предупредивме дека датумот е недостижен додека е Заев на власт

Андоновски: Ние предупредивме дека датумот е недостижен додека е Заев на власт

Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизја Телма во емисјата „Топ тема“ рече дека тоа што Македонија не доби датум за старт на преговори со брисел е резултат на политиката на Зоран Заев.

„Денес се случи она на што три години предупредуваме, а тоа е дека датумот е недостижен додека е Заев на власт“, рече Андоновски.

Според него има две лоши тенденции, едната дека „Заев коленичел во Софија, што значи дебатата до септември ќе биде со криењето и никој нема да се врати чекор назад“ и второ, „настанот ја покажа анемичноста на македонската диломатија“.

„Македнија денес требаше да има претставници во европските метрополи. На пример за Албанија е кажано да видиме како ќе се разива ситуацијата, тоа е одработено од страна на Албанија, но не и од страна на Македонија“, рече Андоновски.

Говорејќи за изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој вели дека е веќе разговарано за промена на знаме, грб и химна

„Ќе ми дозволите да не им верувам на СДСМ и Владата затоа што нивна реченица е дека не постои жив човек што би го сменил уставното име на Република Македонија без референдум, немаше таква одлука, ама името се промени. Јас ќе бев изненаден ако Заев и Ахмети зборувале за инвестиции во Тетово и слично“, рече Андоновски.