Андоновски: Сѐ што вети Арсовска исполнува, а Шилегов никој ништо не го праша 4 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалничката Данела Арсовска е на функција месец и десеттина дена и на секој му треба време или тие 100 дена. Позитивен впечаток ми остави бидејќи се исчистени 50 депонии. За првите 82 дена вети мапирање на депонии и за прв пат има казна од 88 илјади евра за недозволено исфралње шут, потоа ќе го промени линискиот сообраќај и ќе има нови линии, отворање на телефонска и е-маил адреса за граѓаните, за 100 дена има 220 барања, а 150 решени, намалување на цени на паркинзи од 25 проценити и тоа е во тек, рече Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје во гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема.
Според него 4 години претходниот градоначалник Петре Шилегов не беше прашан за ништо и не може нападите да почнат толку рано. Андоновски укажа дека треба да се разговара со факти.
„Директорот на Водовод купил најнов Самсунг телефон и тоа го има во извештај. Исчистена е депонија во Крњево, а тоа е депонија која постои 4 години, имаше и на Првомајска, исто во Ѓорче. Факт е дека за 4 години постоеле, а сега не постојат. Факт е дека во Аеродром се исфрлаше отпад кај ФФМ, а сега ќе изникне најубавиот парк. Факт е дека претходно се потплаќање агеции, се правеле рејтинзи и тоа е разликата сега се работи“, рече Андоновски.
Андоновски посочи дека претходно во Град Скопје се направени многу нереални работи како на пример дека има 32 милиони евра договорени кредити кои не се знае за што ќе се трошат, 4 договори се со Светска банка, еден со ЕБРД, како и со комерцијални банки и 70 милиони евра за бас рапид транзит, а за истиот има многу нејаснотии.
За бесплатниот автобуски превоз, Андоновски рече дека ќе се реализира етапно во фази, како и проектот набавка на 250 автобуси, односно нема да се случува веднаш или за шест месеци, туку ќе оди етапно, или контиуирано ќе се спроведува 4 години.
„И за 4 години очекувам да имаме 250 ноови, и наредната година ќе има набавка на дел и прво ќе бидат на гас, а потоа на електричен погон“, рече Андоновски.
Тој посочи дека концептот е да нема заборавена населба, а БРТ ја заменува само линијата 5.
„Почести автобуси, повеќе линии, тоа е потребно, а БРТ не го решава проблемот“, рече Андоновски.
Според него граѓаните заслужуваат и поефтин и достапен паркинг.
„Во целост го поддржувам намалувањето на цените на паркинзи“, рече Андоновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This