дома Македонија АНИМА МУНДИ: Ужас по скопските улици, се превезува распнат коњ

АНИМА МУНДИ: Ужас по скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ, како со камион се превезува по скопските улици.

„Tолку отчовечени што ни ваков ужас на улица веќе не ни значи ништо – ова е лицето на Скопје и Македонија кое треба цел свет да го види и по кој треба да не препознае! Ваков е третманот на животните кај нас! Итно бараме МВР, АХВ да реагираат и најстрого го казнат лицето кое среде бел ден и во екот на сообраќајниот метеж во главниот град превезува обесен коњ! Ако ова помине неказнето, ние сме сите примитивци без грам свест, осет, срам!“, апелираат од Анима мунди.