дома Македонија Анкета изразена во број на пратеници – ВМРО-ДПМНЕ 54 пратеници, СДСМ 47

Анкета изразена во број на пратеници – ВМРО-ДПМНЕ 54 пратеници, СДСМ 47

Според анкета на Институтот БИПС (за истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи) опозициската ВМРО-ДПМНЕ би освоила 54 пратеници на вонредните парламентарни избори закажани за 15 јули.

Ова е петта анкета во предизборието, а била спроведена во период од 29 јуни до 3 јули.

Според БИПС, 24,3 проценти од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори.

За СДСМ и БЕСА гласот би го дале 20,4 отсто од анкетираните граѓани.

Во албанскиот политички блок, за ДУИ би гласале 4,2 проценти, додека за Алијанса за Албанците 3,1 отсто од анкетираните граѓани.

Од Институтот добиените резултатите ги претвориле во пратенички мандати во законодавниот дом, па според тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе има 54 пратеници, а СДСМ 47.

Анкетата била спроведена телефонски врз 1.323 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност.