дома Македонија АНТИКОРУПЦИСКА: Со одењето од врата на врата постои голем ризик за поткуп...

АНТИКОРУПЦИСКА: Со одењето од врата на врата постои голем ризик за поткуп на гласачи

Доколку во вакви услови се донесе одлука да се оди на избори, партиите треба да применуваат посовремени начини на комуникација со гласачите, порачува претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.

Таа порачува дека со една од алатките за кампања за одење од врата на врата, и во нормални услови постои ризик за поткуп на гласачите, а тој ризик се зголемува кога кампањата се спроведува во кризна ситуација.

Ако и во вакви услови се одлучи да се оди на избори можеби треба да се пристапи и кон некои посовремени начини на организирање на кампањата. Според нас и во нормални услови кога се одеше од врата на врата постои висок ризик од поткуп на гласачи. Сега ако се оди на ваков вид на камапња, ризикот уште повеќе би се зголемил – вели Иванова.