дома Спорт Антиќ го потврди тимот: Гечевски нов директор, Георгиевски ќе биде генсек

Антиќ го потврди тимот: Гечевски нов директор, Георгиевски ќе биде генсек

Новиот претседател на КФМ Перо Антиќ, денеска ги промовираше совите соработници. Очекувано, луѓето кои беа најблиски до претседателот, добија функции. Така Владимир Георгиевски во иднина ќе ја извршува функцијата на Генерлане секретар во Федерацијата, а Тодор Гечевски ќе биде нов спортски директор.

Претходно од овие функции беа разрешени Моника Гавриловска и Владимир Темелковски, кои беа соработници со минатиот претседател Петар Наумоски.

Функцијата Комесар за натпреварување ќе ја има Лазар Гечервски, а младинските лиги во иднина ќе бидат под „палката“ на Томче Дишлиев.

На ред е именување на нови селектори во младинските категории, а нов предводник ќе добие и сениорскиот национален тим.

Антиќ е човекот кој прави големи промени во КФМ.

Антиќ почнал да игра кошарка на 11-годишна возраст, заедно со неговиот брат Александар во младинските школи на “КК Работнички”, како и во кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија. На возраст од 16 години го направил своето деби во првиот тим на клубот. На 17 години, отишол на колеџ во САД.

Во својата богата играчка кариера, 36-годишниот Антиќ беше дел од Работнички, АЕК, Црвена ѕвезда, Лукоил, Санкт Петербург, Олимпијакос, Фенербахче. Од 2013-2015 настапуваше за Атланта и беше првиот Македонец во НБА-лигата.