Антиkopупциска: Рамадани не може да биде директор на МЕПСО поради cyдир на интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата дека Куштрим Рамадани не може да биде избран за генерален директор на државната компанија МЕПСО; Владата без никаков проблем тоа го одлучи. А ставот за тоа дали како член на Регулаторна комисија за енергетика Рамадани може да биде именуван за генерален директор на МЕПСО од ДКСК го иницирале токму од Владата, поточно лично премиерот Заев.

Рамадани беше потпретседател на РКЕ, а од 1 декември е претседател на Управниот одбор и  генерален директор на МЕПСО.

Според ДКСК во случајов има класичен судир на интереси затоа што со евентуалното назначување на Рамадани за директор на МЕПСО ќе се прекршат Законот за спречување на судир на интереси и Законот за енергетика. Член на РКЕ не може да биде „именуван како член на орган на управување на вршителите на регулирани енергетски дејности како и на вршителите на енергетски дејности на кои им е наметната обврска за обезбедување на универзална, односно јавна услуга со оглед на надзорната функција која ја има РКЕ врз овие тела“. Од ДКСК велат дека според Законот за судир на интереси Рамадани не смее да го застапува МЕПСО во управен спор против некоја одлука на РКЕ.

Освен тоа, според ДКСК, службено лице по престанувањето на вршењето на јавните овластувања и должности не може да застапува правно или физичко лице пред органот во кој вршел јавни овластувања во предмети за кои како службено лице учествувал во донесување одлуки, за што се предвидени прекршочни санкции“.

За МЕПСО нема ништо спорно, нема судир на интереси, нивниот тим на правници констатирале дека нема конфликт.

Рамадани бил член на РКЕ од 2012 година до сега. Тој во поделбата на владините функции, доаѓа како предлог на ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This