дома Македонија АНТОНИО МИЛОШОСКИ ОТКРИВА ДЕТАЛИ: Вмровски структури, потпогнати од СДСМ сакаат преврaт во...

АНТОНИО МИЛОШОСКИ ОТКРИВА ДЕТАЛИ: Вмровски структури, потпогнати од СДСМ сакаат преврaт во партијата!

„Има структури што беа дел од партијата, а се во добра комуникација со Зоран Заев, како и самиот што рече за соработката со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој помогнал да се изгласаат уставните измени. Се гледа дека тие се во дослух со актуелната власт и во следниот период не е исклучена можноста по нарачка на власта и Заев, да се држат кон ВМРО-ДПМНЕ како тема“, рече пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ Антонијо Милошоски во интервју за „Макфакс“.

Ова го изјави во однос на прашањето дали е можен преврaт во партијата и дали раководството на ВМРО-ДПМНЕ има комуникација со Сашо Мијалков или, пак, е блиско со СДСМ и Зоран Заев. Тој порача дека членовите на партијата своето незадоволство или одредено несогласување треба да го изнесат пред партиските органи, зашто во спротивно прават услуга на политичкиот опонент.

Повеќе на Макфакс.