дома Uncategorized АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ ПОВТОРНО ТАТКО: Уште една принова во семејството на пратеникот Милошоски

АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ ПОВТОРНО ТАТКО: Уште една принова во семејството на пратеникот Милошоски

Антонијо Милошоски, екс-министер за надворешни работи и долгогодишен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи сподели уште една радосна вест. Овој пат, за новата принова во неговото семејство!

 

 

Драги пријатели,
во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко!
Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските.

Благодарни сме многу на Д-р Филип Вановски (Хистера) и Д-р Златко Палчевски (Систина) и неговиот тим!