Анѓелко Ѓорчев, таткото на Влатко Ѓорчев e Македонецот кој пaднaл во koма по вакцинирањето во Ниш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анѓелко Ѓорчев, пензиониран професор на Медицинскиот факултет при УКИМ, e Македонецот кој пaднaл во koма по вакцинирањето во Ниш. Ѓорчев е татко на поранешниот пратеник и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Според информациите на „360 степени“ од Универзитетскиот клинички центар во Ниш, неговата состојба е непроменета.

Како што претходно изјави директорот на Центарот, Зоран Перишиќ, причината за влошувањето на состојбата на пациентот засега не е позната.

„Со оглед на тоа дека пациентот имал операција со четири бајпаса, направена е и коронарографија и сликани се и бајпасите, нема знаци за инфаркт, ништо не се случило околу срцето. Така што, тие причини се исклучени“,вели Перишиќ.


На социјалните мрежи вечерва се огласи и неговиот син Влатко Ѓорчев кој вели дека татко му е во длабока кома, на респиратор и се бори за живот. Ѓорчев вели дека неговиот татко со уште неколку свои колеги – доктори вчера тргнал за Ниш за да се вакцинира зошто неговата земја потфрлила со вакцините.

„Инаку, Проф. Др. Ангелко Ѓорчев, сеуште прегледува пациенти, со намален и повремен ангажман. На возраст од 72 години, како сè уште активен лекар, со 3 бајпаса и 3 стента, беше на некоја забаталена листа на чекање за вакцинација, која со месеци, месеци и месеци ја чекаше. Затоа отиде во Ниш заедно со неколку колеги доктори. Мислам дека отиде од револт, но и желба за имунизација, сакајќи повторно да се дружи со внуците и пријателите. Отиде без да ми каже, без да ми најави, а знам дека со месеци чекаше да се вакцинира во Скопје. Да бевме елементарно нормална држава, старите луѓе ќе беа вакцинирани уште пред неколку месеци. Кратко откако ја примил вакцината, му се слошило и загубил свест. Го реанимирале на лице место, па го однеле со брза помош на кардиологија, а од денес е на интензивна нега во новиот клинички центар во Ниш. Не знаеме колку долго не можел да дише. Не знаеме во која мерка му е оштетен мозокот поради немање на кислород. Сега е на респиратор, во кома. Не знаеме сеуште дали се работи за инфаркт, анафилактичен шок, за редок шок предизвикан од реакција на вакцината, за комбинација од фактори или нешто трето. Сега е најважно да преживее“, вели Ѓорчев.

Мојот татко Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев е во длабока кома и се бори за животот на респиратор. Се надеваме и се молиме да…

Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Monday, March 29, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This