Во Виена штотуку започна официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, на кого домаќин е Австрискиот канцелар Себастијан Курц.
По откажувањето на посетата од страна на премиерот Зоран Заев, на состанокот присуствува вицеперемиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши. Вицепремиерот Анѓушев ќе говори и на панел дискусијата каде ќе се обратат премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.
Од Кабинетот на Курц потврдија дека Заев ја откажал посетата поради внатрешнополитичките проблеми во земјата.
На состанокот ќе стане збор за европската перспектива на Западен Балкан, регионалната соработка и за билатералните конфликти.