дома Спорт АНЏЕЛИНА ЏОЛИ НЕ И Е ДО КОЛЕНА: Русинката Анастасија Бризгалова ги воодушеви...

АНЏЕЛИНА ЏОЛИ НЕ И Е ДО КОЛЕНА: Русинката Анастасија Бризгалова ги воодушеви фановите низ светот

Западните медиуми, меѓу кои и „Сан“, „Си-Би-Ес“ и „Бизнис Инсајдер“, обрна внимание на многубројните објави на корисниците на социјалните мрежи кои се воодушевуваат со убавината на руската натпреварувачка во карлинг – Анастасија Бризгалова, која учествува на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг

„Карлинг е спорт за стари и ќелави мажи, но Анастасија Бризгалова изгледа како Меган Фонс и одеднаш засакав карлниг“, признава brooke.

„Рускиот тим во карлин во дабл микс го предводи Анастасија Бризгалова, која изгледа како Анџелина Џоли кога имаше 21 година“, пишува Џејмс Стјуарт.

„Сеуште навивам за САД, но руската спортистка Анастасија Бризгалова изгледа пеколно добро, како модел“, смета Том Сика.

„Не се разбирам во карлинг, но навивам за Анастасија Бризгалова“, пишува Рајно.

„Анастасија Бризгалова – нов повод да се засака Олимпијадата“, пишува Гавин Мудфорд.

Александра Крушељницки и Анастасија Бризгалоа во мечот за бронза ја победија Норвечка со 8:4.