дома Занимливости АНЏЕЛИНА ЏОЛИ НЕ МОЖЕ ДА ЈА ПОДНЕСЕ НОВАТА ЉУБОВ НА БРЕД ПИТ!

АНЏЕЛИНА ЏОЛИ НЕ МОЖЕ ДА ЈА ПОДНЕСЕ НОВАТА ЉУБОВ НА БРЕД ПИТ!

Бившата сопруга на Бред Пит од поодамна чувствува нетрпеливост кон неговата моментална избраничка.

Бред Пит очигледно ја преболе својата животна љубов, ама за нова девојка ја одбра колешката која неговата бивша жена не може ни да ја смисли.

Актерот наводно повеќе од месец дена излегува со русокосата Шарлиз Терон. Светските медиуми се преполни со наслови дека тие се лудо вљубени еден во друг.Дури проструи веста и дека ги запознал Шон Пен, поранешниот свршеник на оскаровката.

Од друга страна, бившата сопруга на Бред Пит од поодамна чувствува нетрпеливост кон неговата моментална избраничка.

Зошто Анџелина Џоли со години не ја поднесува Шарлиз Терон?

Бидејќи смета дека ја копира во сѐ што таа прави, како и дека се натпреварува со неа, што се однесува до кариерата, занимавањето со хуманитарна работа и посвојувањето деца.

И двете се добитнички на Оскар, хуманитарно ангажирани во мисиите на Обидинетите нации, како и мајки со посвоени деца.