дома Македонија Апасиев и Крмов ќе го бојкотираат Пендаровски

Апасиев и Крмов ќе го бојкотираат Пендаровски

Двајцата пратеници на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, нема да присуствуваат на денешното годишно обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски во Собранието.

„Нашите народни пратеници одбиваат да партиципираат во формалистичкиот театар на шефот на државата, кој ги одмолчи сите национал-шовинистички испади на нашите балкански соседи и божемни европски партнери – за кои, се почесто, во нивните јавни обраќања, стануваме „Северномакедонски пријатели““, соопштија од Левица.

Од таму додаваат дека Пендаровски е, како што велат, безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика и не реагира на „повампирениот бугарски неоврховизам“.