дома Македонија АПЕЛАЦИЈА МУ ГО ВРАТИ ПАСОШОТ НА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО: Градоначалникот на Пустец може...

АПЕЛАЦИЈА МУ ГО ВРАТИ ПАСОШОТ НА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО: Градоначалникот на Пустец може слободно да патува

Градоначалникот на општина Пустец, Мала Преспа, Едмонд Темелко, и претседател на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) партија на Македонците во Албанија може да патува надвор од државата, бидејќи Апелациониот суд му го врати пасошот, потврдуваат од судот.

Тој во еден период беше во притвор, а потоа како мерка на претпазливост му беше одземен пасошот. Апелација ја укина оваа мерка на претпазливост и Темелко сега е слободен граѓанин и ќе се брани од слобода, без никакви мерки на претпазливост.