Апелација ја преиначи kaзната за сообраќајката кај Млечен, возaчот оди во затвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелациониот суд ја преиначи казната за сообраќајката кај Млечен ресторан и одлучи Васил Чорбаџиев да оди две години и два месеци во затвор. Исто така доби и забрана да управува со возило.

Станува збор за сообраќајната несреќа од октомври пред две години што ја предизвика Чорбаџиев кога со неговиот автомобил преминал преку две полни ленти, вртејќи во забранет правец. Во сообраќајката загина Гоце Димитриевски кој во тој момент управувал со мотор. Неговата сопруга Наташа се здоби со тешки телесни повреди и го загуби плодот.

Минатата година во септември, првостепениот суд го осуди Чорбаџиев на условна казна што предизвика револт кај роднините на жртвите и кај целата јавност.

Пет месеци подоцна Апелација ја преиначи првостепената пресуда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This