дома Македонија Апелација ќе одлучува за затворот на Груевски

Апелација ќе одлучува за затворот на Груевски

Апелациониот суд денеска и утре ќе одржи седница на која ќе расправа за жалбата на Никола Груевски за предметот „Тенк“ за набавката на владиниот„мерцедес“. Денешната седница ќе почне во 9:30 часот.

Судијката Добрила Кацарска ја напиша пресудата за Груевски и Ѓоко Поповски на над 200 страници.

Груевски беше осуден на казна од 2 години затвор за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Поповски за злоупотреба на службената положба и овластувањето. За овој предмет за кој е осуден Груевски настапува апсолутна застареност на кривичното дело во октомври годинава доколку нема правосилна пресуда.