дома Социјални Мрежи АПЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ОД МАЛТА: На утрешната лидерска средба да се...

АПЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ОД МАЛТА: На утрешната лидерска средба да се изнајде решение за гласање на дијаспората на изборите

Македонската заедница во Малта преку статус на Фејсбук бара од сите политички партии во Македонија особено од најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, како и лидерот на истата г-дин Христијан Мицкоски на следната лидерка средба која ќе се одржи во понеделник да најдат решение со кое ќе и се дозволи наново регистрирање на дијаспората на престојните парламентарни избори.

-Македонската заедница во Малта бара од сите политички партии во Македонија особено од најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, како и лидерот на истата г-дин Христијан Мицкоски на следната лидерка средба која ќе се одржи во понеделник да најдат решение со кое ќе и се дозволи наново регистрирање на дијаспората на престојните парламентарни избори!

Имено од Март кога почна вонредната состојба до сега бројот на македонски граѓани кои наполниле 18 години а живеат во иселеништво е значително зголемен. Исто така и бројот на македонски граѓани кои во овој период успеале да го регулираат својот престој во државите каде живеат е поголем од месец Март

Државна Изборна Комисија НЕ СМЕЕ да донесе решение со кое ќе се скрати УСТАВНО загарантираното право на иселениците.

Воедно јавно апелираме до ДИК и нејзиниот претседател г-дин Оливер Дерковски да не помислуваат да работат спротивно на уставот на Македонија и да влезат во тесни партиско-политички игри кои за жал се обидува да ги наметне СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија со што би се скратило правото на глас на иселениците!

Доколку ДИК подлегне на вакви притиcoци ние нашето УСТАВНО загарантирано право ќе го бараме со тyжби и до cyдот за човекови права во Стразбур, за што ги повикуваме сите нашинци да ни се приклучат.

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од македонското општествено ткиво и истото несмее да биде уништено само поради налудничавите хиpoви и идеи на еден aболицирaн kpиминалец Зоран Заев!

Бурно ќе ја следиме одлуката на лидерската средба како и постапувањето на ДИК во период кој следи.

Овојпат цврсто сме решени правдата во ЛЕГАЛЕН пат да ја докажеме.

Правото на глас е УСТАВНО право !

Споделете и приклучете ни се заеднички да го оствариме нашето загарантирано УСТАВНО право♻️

Со почит

Македонска заедница во Малта 🇲🇰🇲🇹🇪🇺, стои во нивниот пост на Фејсбук.