дома Политика АПЛИКАНТИТЕ ЗА МЛАД ЗЕМЈОДЕЛЕЦ И3ВИCEНИ: Младите земјоделци девет месеци не знаат дали...

АПЛИКАНТИТЕ ЗА МЛАД ЗЕМЈОДЕЛЕЦ И3ВИCEНИ: Младите земјоделци девет месеци не знаат дали добиле грант

Младите земјоделци апликанти за мерката млад земјоделец, која платежната агенција ја објави уште во октомври 2018 година, веќе девет месеци чекаат одговор дали се избрани или не за грант од 10.000 евра, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако власта со објавувањето на огласот во дневниот печат се обврзала одлуката да ја донесе во рок од три месеци, сега и по цели девет месеци од објавувањето на повикот немаме никаков епилог, вели Трипуновски.

Тој истакна дека стотина, можеби и илјада млади земјоделци, се во неизвесност и не знаат како да ги распоредат планираните средства за инвестиција.