дома Европа АПЛИЦИРАЈТЕ ТУКА: Финска објавува голем број на огласи за вработувања!

АПЛИЦИРАЈТЕ ТУКА: Финска објавува голем број на огласи за вработувања!

На 12 април (четврток) од 10:00 до 15:00 часот (по средноевропско време) ќе се одржи онлајн саем кадешто ќе биде презентирана голема понуда за вработување во Финска, а учеството на истиот е целосно бесплатно.

Ако сте ИТ ентузијаст кој сака да се вработи надвор од границите на нашата земја, можеби Финска ќе биде идеалната дестинација за вашата работа од соништата. Industry Finland е онлајн саем на кој се нуди работа во ICT секторот, а посебно се бараат програмери, кодери, веб девелопери, ИоТ експерти и експерти за Big Data решенија.

Меѓутоа, не се бараат само ИТ професионалци. Помеѓу компаниите кои ќе учествуваат на саемот има и такви кои барааат програмери на CNC машина, готвачи, келнери и келнерки.

Финската индустрија постојано расте и се проширува, особено во автомобилскиот сектор кадешто информациските и комуникациските технологии имаат клучна улога во дигитализацијата и развојот на оваа индустрија. Така, доколку ве интересира металната, градежната и ICT индустријата, треба да ја искористите оваа шанса да се пријавите за работа преку интернет.

Повеќе за слободните работни места може да дознаете на онлајн саемот кој ќе се одржи овој четврток – 12 април од 10:00 до 15:00 часот по средноевропско време – учеството е целосно бесплатно.