дома Хроника Апсење на скопскиот аеродром: Косовец сакал да влезе во Македонија како жител...

Апсење на скопскиот аеродром: Косовец сакал да влезе во Македонија како жител на Арачиново

На Меѓународниот аеродром Скопје на 31 јануари во 13 часот бил лишен од слобода Р.С.(27) од Косово, кој при пасошка контрола приложил патна исправа на име од С.И.(24) од с.Арачиново, скопско, и по негово кажување илегално влегол во Македонија од Косово.

Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграција – Скопје за понатамошна постапка, информираат од МВР.