March 29, 2024, 12:41 pm

Апcypдистан: Министерот за правда бара помилување за Нинџа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу открива дека името на Александар Василевски – Нинџа е помеѓу 48-те лица за кои се бара помилување од претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

-Инаку меѓу овие 48 лица за кои се бара помилување е и името на Александар Василевски – Нинџа, пишува на Фејсбук Салиу.

Соогласно правниот систем во Македонија, секој затвореник кој ги исполнува законските одредби може да побара помилување, постапката најпрво започнува судот кој потоа молбата ја доставува до министерството за правда и само откако ќе добие барањето потпис од министерот, во случајов министерот Бојан Маричиќ може да одлучува Koмисијата за помилување на претседателот која е составена од 11 члена во моментов на чело со професорката Уранија Пировска.

Според информациите на Салиу, Маричиќ веќе го ставил својот потпис и се чека на одлука на Комисијата.

Претседателот на Република Македонија дава помилување на поименично определени лица за кривични дела предвидени со закони на Република Македонија, согласно со одредбите на Кривичниот закон.

Претседателот на Република Македонија со помилување дава ослободување од гонење, или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, ја заменува изречената казна со поблага казна или со алтернативни мерки, или определува бришење на осудата, или ја укинува, односно определува пократко траење на определена правна последица од осудата или на казната.

Нинџа е познат по тоа што повеќе пати го менуваше својот исказ за настаните од 27 април се додека тој не им одговараше на Русковска и Кацарска за да може да одредат драконски казни. Тој доби и најниска казна од сите осудени во случајот од само 7 од 211-те години изречени за уставобранителите. Според извори на одбраната Василевски барал да биде и заштитен сведок, но не му било дозволено, но затоа имал голем број поволности во постапката, доби најниска затворска казна, а сега има можност и да биде помилуван.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This