Арифи: Наоѓаме начини за поголема поддршка за развој на бизнисите во Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат Теута Арифи и министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретнаа со повеќе сопственици на производствени компании во Тетово. Со нив разговараа околу потребите на приватниот сектор во развојот на нивните бизниси.
-Целта е и да размениме мислења за сработеното, соработката што сме ја имале и меѓу другото, можноста овие компании уште повеќе да добијат поддршка во однос на зголемување на нивните капацитети во однос на планирања нивни и документација што ја имаат од страна на општината и можноста за користење на разни други фондови за проширување на нивната работа. За нас работата на сите компании кои работат во територијата на Општина Тетово е многу важна затоа што секаде каде што одите може да видите дека тие сите ја поддржуваат, 40-50 или по 100 семејства и нивната работа е многу важна за градот и за социјалната стабилност во градот заради тоа што тие се се и работодавачи, изјави Арифи.
Министерот Бектеши изјави дека секоја инвестиција во Полошкиот регион значат можност сопственици на бизниси да добијат помош од државата во реализација на инвестициите.
– Со предлог на општина Тетово на Теута Арифи веќе направиме измена и дополнување во законот за финансиски поддршка на инвестициите каде што Полошкиот регион на некаков си начин е позитивно дискриминаран повикувајќи се на рамномерен регионален развој. Пример ако одредена компанија одлучува да инвестира во скопскиот регион, а не инвестира во полошкиот регион нема да добие дополнителна помош од тоа што е предвидено согласно законот за нови инвестиции и нови капацитети и за нова опрема и машини. Ако инвестира во полошкиот регион речиси двојно ќе биде можноста се со цел да ги поттикнеме и странските и домашните инвеститори да ги зголемат нивните капацитети, а со тоа да привлечеме инвестиции и да креираме работни места, рече Бектеши.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This