Арифи: Тетовската болницa барала пoмош околу бeзбeдноcта на модуларниот центар од повеќе институции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, изјави дека пред да избие катастрофалниот пожар кој однесе 14 животи, имала сознанија оти Клиничката болница во градот барала помош од неколку институции околу ситуацијата со модуларната болница.

Арифи не одговори од кои институции болницата побарала зголемување на мерките за обезбедување и ги упати новинарите за тоа да бараат одговори од самата болница.

– Знам дека тие имале обраќање до повеќе институции за да се зголеми сигурноста, но за тоа ќе треба да ги прашате нив, рече Арифи по приемот на персоналот и преостанатите граѓани кои помогнаа во справувањето со последиците од пожарот, рече градоначалничката.

Локалните власти денеска потврдија оти германските експерти се веќе дел од тимот кој треба да ги истражи причините за пожарот, но засега не се соопштуваат детали околу истрагата. Според локалните информации, истрагата на терен е завршена, но има уште сослушувања и собирање на документи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This