Арифи: Ќе се создадат нови зелени површини и рекреативни области

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалничката на Тетово и кандидатка за нов мандат Теута Арифи денес заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, директорот на Националниот парк Шар Планина Ибрахим Дехари и други претставници и политички активисти на Демократската унија за интеграција одржаа трибина на тема „Предизвиците за заштита на животната средина“. Градоначалничката посочи дека како локална самоуправа размислуваат за иднината и за можностите деца да растат во здрава средина, чист и зелен град.
-Управувањето со отпадот и загадувањето се две главни прашања на нашиот град и знаеме дека општината не секогаш ги исполнила работите што граѓаните, со право, го очекуваат. Ние веќе ги започнавме нашите инвестиции за зелен град, со четири нови камиони за ѓубре, две специјални возила за чистење патишта и 150 нови контејнери. Покрај тоа, ние веќе аплициравме и го добивме проектот за поставување полу-подземни контејнери на 30 локации, со цел да го одржуваме градот чист, изјави Теута Арифи.
Според неа во следниот мандат ќе следи преструктуирање на претпријатието за јавни услуги во модерно, ефективно и услужно ориентирано претпријатие. Ќе има телефонска линија за граѓаните кои ќе информираат за каква било нечистотија во градот и ќе се создаде постојана група за брза интервенција со цел градот да биде што е можно почист.
-Ќе спроведеме инспекција за спречување на загадување. Парковите, игралиштата и другите зелени површини во градот ќе бидат постојано исчистени, реновирани и заштитени. Ќе се создадат нови рекреативни области, градење зелени површини, со дрвја, на главниот плоштад. Брегот на реката ќе биде реновиран, вклучително и фитнес центри на отворено, како и рекреативни области. Секоја нова зграда треба да се надомести со зелена површина и дрвја, порача Теута Арифи.
Според неа во борба против загадувањето на воздухот и префрлување на зелена и одржлива енергија, ќе има субвенции за инсталација на инвертори и други еколошки системи за греење, како и специјални субвенции за зеленило и градско градинарство. Воедно поставување на соларни панели и фотоволтаични системи на сите јавни згради, како што веќе е направено во гимназијата „7 Март“, и основното училиште „Скендербег

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This