дома Македонија АРНА ШИЈАК: ,,Животот” во Македонија наликува на заложништво од делото на Орвел!

АРНА ШИЈАК: ,,Животот” во Македонија наликува на заложништво од делото на Орвел!

На темата „Македонија во 2018-та: Национален хорор или евтина политичка пародија“ гости во „Отворено“ на Алфа се режисерот Јани Бојаџи и актерката Арна Шијак. Состојбата во државата според Шијак може да се спореди со заложништвото од делото на Џорџ Орвел, според неа тоа било сфатено како упатство за употреба, а не како предупредување.

-Задира секако и асоцира многу сето ова што ни се случува на заложништвото што го посетуваше Орвел во своето дело, некој дури се шегува, јас ја напишав книгата не како проклето упатство за употреба, туку како предупредување. Некој тоа пресериозно го сфатил дека треба чекор по чекор да го остварува, изјави Шијак.

Таа изрази дека народот кој очигледно е заспан според нејзините зборови ќе се свести дека иднината не ни оваа која е моментално напишана.

-Изјавуваат дека не можеме да влијаеме на минатото, можеме да влијаеме на нашата иднина, сето тоа е многу плитко и многу зло. Но, бидејќи ние сепак сме христијанска земја, неслучајно споменати во библијата, дека есапот што велат дома и на пазар нема да испадне ист и дека секако народот ќе успее некако да се освести, да се разбуди во буквална смисла зборот и да не дозволи овој план, колку и да е обмислен, да не дозволи да се оствари. Така што верувам дека ќе бидеме сведоци на некакви заобиколни патишта кои што ќе им предочат конечно на поголемиот број граѓани, што беа очигледно заспани дека иднината не е таа.