дома Политика АРОГАНТЕН ЛАЖГО ОД НЕСЕРИОЗНА ПАРТИЈА: Наместо на дебата, Пендаровски избегал на ракомет!

АРОГАНТЕН ЛАЖГО ОД НЕСЕРИОЗНА ПАРТИЈА: Наместо на дебата, Пендаровски избегал на ракомет!

Човекот кој беше кандидат за претседател на „стока народ“, за кого Македонците „таму се собрани во бачило“ небаре се овци, Стево Пендаровски, на овие избори е носител на пратеничката листа во првата изборна единица и ќе му се спротивстави на Никола Попоски, исто така носител на листата во оваа единица.

Но, пред да си ги одмерат силите на гласачкото ливче, СДСМ побара, а ВМРО-ДПМНЕ прифати јавно соочување на ТВ-дебата. Иако ТВ-Нова ги емитува дебатните емисии во живо, за да може да им излезе во пресрет на сите политички актери кои сакаат да учествуваат, а во вечерните часови се зафатени со кампањи, до СДСМ испрати соопштение дека дебатната емисија ќе биде снимена во време кога му одговара а гостинот Пендаровски. И така беше. Дебатата беше снимена еден ден порано, а што видоа гледачите, симатизерите на двете најголеми партии во Македонија и неопределените гласачи? Празно столче спроти Никола Попоски.

Но, тоа и може да се очекува од несериозна партија, која го предаде и го понижи македонскиот народ, да настапи несериозно со несериозен и арогантен човек.

Ароганцијата на СДСМ нема мерило, особено ако се има предвид дека најголемата опозициска партија која отворено се залага и бара телевизиски дуели и соочувања за време на изборни кампањи, одби да седне на иста маса со претставници на владејачката партија, а освен тоа и испраќа соопштенија во кои безочно лаже. Носителот на изборната единица 1 на СДСМ, Стево Пендаровски, не се појави на дебатата со Никола Попоски, исто така носител во првата изборна единица, бидејќи бил презафатен со изборната кампања.

Од друга страна, ништо помалку не е арогантен и Пендаровски, зашто на митинзите им фрла прав во очи на граѓаните со несериозни досетки дека се „чувствувал осамен“, му избегале Груевски од ИЕ 1 и Попоски од студио.

Но, затоа столчето на трибините во салата „Борис Трајковски“ не остана празно. Сериозниот политичар Пендаровски избега од политичка дебата за да го проследи ракометниотнатпревар Металург – Татран Прешов.

Заложбите на СДСМ за телевизиски соочувања на кои во ТВ Нова секогаш сите партии имаат можност да ги искажуваат своите ставови и аргументи на разни теми, остануваат само празни зборови со оглед на тоа дека на сите покани упатени пред воопшто да започне предизборната кампања, одбија да одговорат и столчето во отвореното студио на ТВ Нова остануваше празно.

 

Република.мк