дома Македонија Арсовска во посета на новиот Женски центар за поддршка на жртви на...

Арсовска во посета на новиот Женски центар за поддршка на жртви на семејно насилство

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, го посети новоотворениот Женски центар за поддршка – Скопје на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Во овој Центар жените жртви на насилство ќе имаат можност за разговор со психолог, социјален работничк, правен советник и кариерен советник.

Со извршната директорка Елена Димушевска разговараме за важноста на изнаоѓање системски решенија што ќе понудат целосната заштита и интегрирање во општеството на овие жени, а Град Скопје ќе посвети грижа за одржливост на решенијата за грижа и поддршка согласно зацртаната програма – информира Арсовска.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.