Арсовска: За 30 дена 120 депонии се санираа, се работи и на системско следење и казнување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Отпочнавме со делот од активностите и веќе се скоро во завршна фаза од она кое што беше ветено за првите 82 дена. Имавме една агенда, една мисија, а тоа е пред се покрај тоа што нели имаме четиригодишна програма која што сакаме во најголемиот дел да ги реализираме во првите две години, имавме и ветување кое што беше за првите 82 дена. И максимално се посветивме на сите овие проекти да ги отпочнеме меѓутоа и да ги завршиме во првите 82 дена. Што сметам дека е амбициозно меѓутоа е остварлива и реална работа. За првпат како што знаете имавме и отпочнување на сериозно справување со проблемот со дивите депонии кои што ги имавме. Ние претходно во периодот на изборниот процес со нашите контакти и комуникации со граѓани низ населените места, меѓутоа и од она што го имавме како можност да поминеме и да видиме на терен. И успеавме да детектираме 120 диви депонии“, истакна градоначалничката на град Скопје во денешниот брифинг за медиуми.
Арсовска додаде дека се отпочна со чистење на секоја една од депониите на територија на град Скопје.

„До овој момент имаме скоро целосно санирање на сите и тоа во соработка со дел од градоначалниците, но меѓутоа исто така и со нашите можносни средства кои што ги имаме тука на располагање на градот. Тоа е едно заедничка акција која што е за доброто на сите граѓани на овој град и за првпат сметам дека вакво решавање на овие проблеми кои што ги имаме со дивите депонии е нешто кое што се случува особено во толкав размер колкав што го имавме во овие изминати 30 дена. Ова беше еден од проблемите кои што граѓаните ги истакнуваа како навистина горлив од аспект на тоа што не само фрлањето на овој шут туку и неговото палење каде што има навистина и отпад кој што е токсичен, кој што го загрозува здравјето на граѓаните дека не смее да се дозволи повеќе ниту да се фрла, ниту да се пали“, појасни Арсовска.

Арсовска посочи дека се започна со една рамка на системско решавање, нема само да биде нивно чистење.

„Понатаму преминуваме во повеќе фази на едно да се санираат, потоа да се оградуваат таму каде што е возможно, трето значи има активно за првпат инспекциски служби кои што ќе работат во три смени, но тоа да се превенира. Отпочнавме со неселективно казнување, што значи дека секој еден што ќе биде детектиран на лице место нема простувања. Туку неселективно ќе биде постапувано за сите оние кои што ќе го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните“, укажа Арсовска.

Арсовска рече дека од друга страна сега во овој момент службите на градот креираат решенија системско со кое што може да биде следено и фрлањето на отпад со дрон. И исто така ќе се следи системски и да не се креираат нови депонии, да се работи активно на дојави од граѓани за да може сето она што се случува да се санира итно веднаш и да се превенира пред се.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This