Арсовска: Иcчиcтена и дивата дeпониja на крајот на булеварот Илинден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исчистена и дивата депонија на крајот на булеварот Илинден во населбата Карпош 4. Ова е само продолжение од проектот на новата градска администрација за чистење на дивите депонии на територија на градот Скопје, соопшти градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

Како што информираше Арсовска, на ова место се поставени и столпчиња, како камионите и останата механизација не би можеле повеќе да пристапуваат. Со чистењето на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијална опасност од загадување на подземните води и почвата.
Скопје без диви депонии е еден од проектите на кој градската администрација активно работи во соработка со општините и јавните претпријатија под Град Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This