Арсовска: „Не за нacилството кон жените во јавниот живот“ треба да важи за секоја една жена во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градочалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, дене учествуваше на панелот „Родово сензитивни локални самоуправи“, како дел од годишната конференција за децентрализација и локално управување во организација на УНДП

Арсовска во своето обраќање истакна дека е неприфатливо насилство кон сите жените и побара поддржшка за секоја жена која е нападната.

„Не за насилството кон жените во јавниот живот“ треба да важи за секоја една жена во Македонија, а не само за оние кои што се во најблискиот круг на централната власт. Се додека се дозволува на носители на јавни функции да напаѓаат и дискредитираат, луѓето ќе сметаат дека за сите е дозволено такво однесување. Ако нешто не се промени на ова поле, нема да има жени на високи раководни функции. Апелирам да дадете поддршка за секоја жена која во овој момент е предмет на напад, која континуирано се деградира“, изјави Арсовска.

Таа потсети на предизборната кампања, која изобилуваше со напади со цел да се исфрлат од игра одредени учесници.
„Сите можеа да видат дека во ова предизборие имаше навистина големи напади и обиди да се исфрлат од игра сите оние за кои се сметаше дека се послаба алка. Верувам дека се докажа спротивното, дека победија човечноста и успешноста. Вчера бев избрана за првата жена претседател во скоро 50 години постоење на ЗЕЛС и сум прва избрана градоначалничка на Градот Скопје. Од една страна, тоа претставува голема одговорност, но од друга страна, за мене одговорноста е уште поголема што успеав да се изборам со сите дискредитации и дискриминации во изминатиот период. Затоа, не е за чудење зошто е намален бројот на жени градоначалнички на само две, имајќи ги во предвид директните инструирани напади, кои се обиди да нема жени на високи и одговорни позиции, особено кога тие се избрани, а не назначени“, нагласи Арсовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This