Арсовска од Никиштане: Општина има потреба од многу повеќе, овде недостигаат елементарни услови за секојдневно функционирање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Решавање не актуелните проблеми – инфраструктурните и канализациските, се приоритет за жителите на Никиштане и токму тие заземаат значаен дел од програмата за рамномерен развој на сите скопски општини, рече денеска независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.
На средбата со никиштанци, стана збор и за динамиката на решавањето на овие проблеми.
-Никиштане е дел од Ѓорче Петров и од Скопје и така треба да биде третирано, со еднаков пристап до градските капацитети за подобрување на условите во општината и за решавање на бројните проблеми. А оваа општина има потреба од многу повеќе, овде недостигаат елементарни услови за секојдневно функционирање, како решавање на канализацијата, а освен тоа неопходни се и многу други работи, дополнување со содржини за секојдневните потреби како и реконструкција на постојните капацитети, истакна Арсовска.
Жителите се пожалија дека во нивното село најмалку се вложувало, дека имаат сериозен проблем со канализациската мрежа. Досега, рекоа, многу се ветувало, а не се реализирало, поради што доста им е од лажни ветувања.
Арсовска во разговорот со нив дополни дека Скопје со сите општини треба рамномерно да се развива.
-Затоа се потребни брзи решенија кои ќе значат конечно надминување на затекнатите состојби и затоа започнуваме веднаш, истакна Арсовска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This