дома Македонија (Видео) Артан Груби го ocyди говopoт на омpaза на „Швepцepи“

(Видео) Артан Груби го ocyди говopoт на омpaза на „Швepцepи“

Бура од реакции предизвика осудата на говорот на омраза од страна на првиот вицепремиер Артан Груби кон навивачката група „Комити“ кој воедно истакна дека во новото општество нема простор за „такви како нив“. Сепак Груби ги „заборави“  навредите кон македонскиот народ од страна на неговите „пулени“ навивачката група Шверцери од кои и самиот е дел, но за среќа тука е Инфомакс да го потсети.

Груби го организираше и минатогодишниот настан во МНТ кога беше демолиран театарот, а Шверцерите испратија порака за Голема Албанија и им порачаа на Македонците дека немаат историја.

Според тогашните тврдења на директорката на МНТ, таа го контактирала организаторот Груби за дивеењето на навивачите, но тој им порачал дека тие не прават ништо лошо туку само си пеат.

Денес Инфомакс го потсети Груби што лошо правеа и говореа Шверцерите.

-Господине Груби ќе го осудите ли говорот на омраза од страна на навивачката група Шверцери, имавме пароли од тимот на Мртов каур, добар каур, немате историја и етничка Албанија, гласеше прашањето на Инфомакс

-Да апсолутно ќе го осудам, одговори првиот вицепремиер.