дома Македонија АРТАН ГРУБИ ЈА ПPEКИНА СЕДНИЦАТА: Расправата за законот за попис одложена

АРТАН ГРУБИ ЈА ПPEКИНА СЕДНИЦАТА: Расправата за законот за попис одложена

Денеска во собранието не почна расправата за предлог законот за попис.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев бараше точката да се тргне од дневен ред, а претседателот на комисијата Артан Груби од ДУИ ја прекина седницата.

Во барањето за тргање на точката од дневен ред Ѓорчев рече дека законот што се предлага не е во согласност со критериумите на Евростат и ОН.

Попис организиран според овој предлог закон нема да ги реши проблемите ќе ги зголеми нема да добиеме релевантни и веродостојни податоци – рече Ѓорчев.

Неофицијално во собранието се коментира дека тоа што на некој начин беше прифатено барањето за тргање на точката од дневен ред значи дека власта и опозицијата се уште преговараат по ова прашање.

На прашањето дали ќе има попис во 2020 година, Ѓорчев рече тешко со оваа влада.