дома Локално АСМЛ ОБЈАВИ СПИСОЦИ КАКО СЕ ПРИМААТ ЛЕКАРИ БЕЗ ЗНАЕЊЕ И СТРУЧНОСТ:...

АСМЛ ОБЈАВИ СПИСОЦИ КАКО СЕ ПРИМААТ ЛЕКАРИ БЕЗ ЗНАЕЊЕ И СТРУЧНОСТ: Во болницата во Тетово се вработуваат лекари според привилегии

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), реагира дека во тетовската болница не се вработуваат кадри според знаењето и стручноста, туку според привилегии.

Тие на социјалната мрежа Фејсбук објавија листи од освоени бодови од стручен испит што се полага со секој јавен оглас. Исто така, објавија и ранг листа на лекари на специјализација кои се примени.

Како што велат оттаму, бараат да се почитуваат критериумите за пример на нови медицински лица.

„Не сме против вработување на лекари. Им честитаме на примените колеги. Уште пет огласи за вработување да има ќе бидат малку, оти недостигаат лекари во целата земја. Но, бараме да се почитуваат критериумите за прием. Ако во законот се ставени критериуми за вработување на специјализанти, каде покрај англискиот јазик полагаме и стручен испит на прием, бараме тоа да се почитува“, вели Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари за СДК.