дома Занимливости АСТРОНОМИТЕ ЗБУНЕТИ: Таинствени сигнали регистрирани од најмоќниот радиотелескоп на Земјата

АСТРОНОМИТЕ ЗБУНЕТИ: Таинствени сигнали регистрирани од најмоќниот радиотелескоп на Земјата

Кинсеките астрономи останаа збyнети кога забележаа отчитување на сѐ уште нeрaзјаснет сигнал регистриран од страна на еден од најмоќните радиотелескопи во светот – ФАСТ, пренесоа повеќе светски медиуми.

Ретката појава нема објаснување, а научниците предупредуваат дека не е време за донесување избрзани заклучоци.

Она што е засега познато е дека нeобјаснетите радиосигнали се од вселената и сигурно не се од шумови прeдизвикани од авиони или сателити. Првпат ваква појава е откриена во 2007 година, а потоа и во 2012 и 2015 година. Разлика е што овој пат сигланите се мошне побрзи и почести, а биле регистрирани помеѓу 30 август и 3 септември. Во извештајот се наведува дека најверојатно потекнуваат од џуџеста галаксија на три милијарди светлосни години од Земјата.

„Иако откритието нecомнено е возбудливо, не е доволно познато што претставуваат загадочните сигнали за да може да се извлече заклучок во врска со тоа – што би можело да ги емитува“, вели Занг Ксинкин, помошник инженер од Националната астрономска опсерваторија на Кина.

Извор Алсат