дома Политика Атанасов од Гевгелија: На 17 октомври заедно да продолжиме на патот кон...

Атанасов од Гевгелија: На 17 октомври заедно да продолжиме на патот кон успехот и просперитетот

Носителот на советничката листа за Општина Гевгелија на СДСМ и Коалицијата Миле Атанасов вечерва во рамките на Караванот „Најдоброто за мојата општина” истакна дека на предизвикот ќе одговори со сериозна, упорна, чесна и посветена работа за унапредување и благосостојба во Општина Гевгелија.
Тој изрази уверување дека неговите сограѓани и на овие, како и на претходните избори, ќе го изберат „Најдоброто”, бидејќи денес сите со гордост зборуваат за реконструкција на училишта, изградба на градинки, детски и спортски игралишта, хортикултурно уредување и одржување на зелени површини.
На 17 октомври заедно да го завршиме тоа што го почнавме и да трасираме нови патишта кон успех и просперитет, порача носителот на советничката листа за Општина Гевгелија на СДСМ и Коалицијата Миле Атанасов.