дома Балкан АТИНА ГОРИ: Вратете ја Македонија!

АТИНА ГОРИ: Вратете ја Македонија!

И покрај тоа што постои можност Преспанскиот договор да биде изгласан во собранието во петокот попладне, атмосферата внатре и надвор од собранието во Атина e напната. Многу демонстранти излегоа против договорот  излегоа да кои бараат референдум.

Полицијата фрлаше солзавец за да ја растера толпата демонстранти додека која држеше знамиња на Грција и навиваше “Вратете ја Македонија”. Некои демонстранти фрлаа камења и молотови коктели. Според договорот потпишан меѓу двете земји, Република Македонија ќе преименува Северна Македонија, со што си го отвара патот за членство во НАТО и го завршува спорот со Грција кој траеше неколку децении.

Полицијата формираше безбедносен кордон од 1.500 луѓе во централниот дел на Атина, додека демонстрантите нарекуваа пратениците предавници. Се известува дека полицијата уапсила десет лица а уште 133 се осомничени  за насилство. Демонстрантите предупредија дека ќе останат на улиците до крајот на денот, пишува „Гардијан”, а објави „ Газета експрес” .