дома Македонија (Аудио) Абре Македонче за каде се спpeмаш

(Аудио) Абре Македонче за каде се спpeмаш

“Нека разберат клетите фашисти, Македонско име нема да загине!”

Химната на македонското партизанско движење и денес е препознатлив звук за македонскиот етер, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на денот кога опозицијата организира протест против позициите на премиерот во спорот со Бугарија.

“Во 1945 е измислен и “апарат” за да може тој најавен џингл, авизото на тогаш Радио Скопје, да биде емитувано на почеток и крај на програмата.
Пораката е уште посилна денес ако се знае дека за прв пат е испеана од прилепскиот одред „Гоце Делчев“!
А бре Македонче, каде се спремаш…”, пишува Стоилковски кој посочува дека за статусот го потсетил екс потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев , чиј што дедо е автор на мелодијата.

“Гордан, одлична колумна. Се надевам ќе се видиме вечерва #ПредВлада”, му порачува Стоилковски на својот идеолошки ривал кој исто така се противи на позициите на Заев за (анти)фашизмот.