Руските пранкери Вовани Лексус на својот Јутјуб канал го објавија разговорот со лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со младата активистка која се бори против климатските промени, Грета Тунберг и нејзиниот татко, снимен минатата година, кој досега не беше објавен.
Заев со „лажната„ Грета разговара меѓудругото за францускиот претседател Емануел Макрон и се согласува со „нејзе“ дека е ужасен, но не наседнува на „нејзиното“ наведување да зборува лошо за американскиот претседател Доналд Трамп, со кој вистинската Грета е во постојана „војна“.
Разговараат и за мигрантите, а Заев во снимката вели дека е одличен проект да им се даде вдомување и работа во земјава.
Со “лажниот“ татко на Грета зборува за пушењето марихуана и за нејзина легализација за рекреативна употреба
Лани руските пранкери, за кои светските медиуми пишуваат дека не се наивни комичари, туку дека позади нив стојат и разузнавачки структури, објавија разговори во кои му се претставија на Заев како генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и поранешниот украински претседател Петро Порошенко