(Аудио) Мукоски и Старова кoи гo cмeниja имeтo пo нapeдбa нa Мијалков ceгa гo пoддpжyвaaт кoнгpecoт нa Мериот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешните пратеници Крсто Мукоски и Нола Исмајлоска – Старова, иако се исклучени од ВМРО-ДПМНЕ имаат став околу наводниот вонреден конгрес кој го организира групата која орбитира околу хотелот „Мериот“ и Сашо Мијалков.

Радио Лидер се обиде да стапи во контакт со дел од 8-те пратеници кои гласаа за промена на името по што беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ. На нашите повици одговорија само Крсто Мукоски, Нола Исмајлоска Старова и Љубен Арнаудов.

Мукоски вели дека до сега никој не го контактирал, но тој би отишол на овој собир за да гласа како делегат.

-Ако ме поканат затоа што бев делегат на претходниот конгрес, ќе бидам таму. – кратко одговори Крсто Мукоски на прашањето на Радио Лидер.

Со сличен став излезе и Нола Исмајлоска – Старова, која вели дека е убедена дека две третини од делегатите ќе се појавеле на овој конгрес. Таа вели дека не е убаво на групата околу Мијалков да и се става етикета дека е блиска со СДСМ.

-Мислам дека Христијан треба да си оди, неколку пати јасно го имам кажано ставот. – вели Исмајлоска Старова.

Од интервјуираните единствено Љубен Арнаудов нема став и како исклучен од партијата не сака да се меша во овие работи. Единствено вели дека има личен револт да не му се допаѓа правецот во кој оди ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: lider.com.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This