Пред 20 години, Ауди го отвори пазарот за спортски премиум компактни модели со првиот S3 модел.
Денес брендот ја претстави новата генерација – S3 Sportback и S3 Sedan.
Двата модели го користат освежениот 2.0 TFSI мотор што сега произведува 310 коњски сили и 400 Nm вртежен момент.
И двата модели забрзуваат од нула до 100 километри на час за 4.8 секунди.Во комбинација со седум-степен автоматски менувач, кватро погонот со интелегентна контрола и новата „S-specific“ спортска суспензија, двата модели се опасно оружје за жешкиот асфалт.
Внатрешноста го одзема здивот со освежениот дизајн; со екран на допир, сопствено
Wi-Fi и амбиентално светло.
Првите примероци треба да излезат на пазарот на почетокот на Октомври.