дома Политика АХМЕТИ ВЕЧЕРВА НА СРЕДБА СО СЕЛА

АХМЕТИ ВЕЧЕРВА НА СРЕДБА СО СЕЛА

Али Ахмети вечерва на Зијадин Села ќе му го презентира документот доставен од Зоран Заев.

Средбата Ахмети и Села се очекува да биде одржана во штабот на Движењето за реформи – ДПА во Тетово. Засега во голема тајност се крие содржината напишана во документот кој лидерот на ДУИ го бараше од првиот човек на СДСМ, но извори од Бихаќка за ТВ 21 велат дека документот овозможува брзо и непречено собирање на потписите потребни за формирање на влада предводена од Заев.

 Извори од БЕСА велат дека на нивна адреса се уште нема покана од Демократската унија за интеграција, но и да пристигне тие остануваат на ставот дека нема да седнат на заедничка маса со Али Ахмети.
По средбата се очекува соопшение за јавноста.