Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, му порача на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го заборави Кичево бидејќи нема што да бара таму.
– Ќе му пратам само една порака на Мицкоски, нека го заборави Кичево, Кичево е наше. Фатмир Дехари ќе биде нов градоначалник, рече Ахмети.
Според Ахмети коалицирањето на Алијанса за Албанците и Алтернатива со ВМРО-ДПМНЕ значи дека Албанци ќе треба да гласаат против Албанци.
-Тоа е брак без никаква основа. Немаат концепт. Таа соработка нема иднина. Тоа е брак само за една употреба. Оваа коалиција ваква каква што е, каде Албанците гласаат против Албанци во Кичево, и на крај мислам дека ова ќе го пишува и во учебниците по историја, додаде Ахмети