дома Политика АХМЕТИ ГИ СОБИРА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ: ДУИ закажа средба со лидерите на сите...

АХМЕТИ ГИ СОБИРА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ: ДУИ закажа средба со лидерите на сите албански партии без исклучок!

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, за утре во 13 часот испратил покана за средба до сите лидери на албанските политички партии во Македонија, објави „Порталб“.

– На утрешната средба повикани се сите албански партии без исклучок – изјави портпаролот на партијата, Бујар Османи.

На средбата се очекува да се разговара за политичката состојба во земјава, која настана по предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11 овој месец.