дома Политика АХМЕТИ ГЛАСОТ ГО ПОСВЕТИ НА ТЕРОРИСТИТЕ: Овој глас и овој ден ви...

АХМЕТИ ГЛАСОТ ГО ПОСВЕТИ НА ТЕРОРИСТИТЕ: Овој глас и овој ден ви припаѓа вас и на оние кои веќе не се тука а се најзаслужни, мачениците на албанската нација

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави фотографија од вчерашното гласање за Законот за употреба на јазиците, додека опозицијата го опколи Талат Џафери и се обиде да го спречи гласањето. Ахмети во коментар на својот фејсбук профил, гласот им го посвети на албанските граѓани и како што вели на „мачениците на албанската нација“.

„Овој глас и овој ден ви припаѓа вас и на оние кои веќе не се тука а се најзаслужни, мачениците на албанската нација. Честитки за сите“, напиша Ахмети.